22-23 НОЕМВРИ

Skopje Marriott Hotel

За Фестивалот

Виски Фестивалите се оддржуваат скоро во сите поголеми метрополи од нашето опкружување и глобално. Оваа есен Скопје ќе се вброи во тоа друштво и ќе го има својот прв Whiskey Fest. СКОПЈЕ ВИСКИ ФЕСТ е настан кој ќе му додаде вредност на градот убав како метропола која нуди префинети содржини за квалитетно секојдневие. Овој фестивал e наменет да го подигне нивото на виски културата и да го поддржи виски сегментот во нашата земја, a воедно да влијае позитивно на изборот и зголемувањето на виски понудата на продажните рафтови. Пo SKOPJE WHISKEY FEST Скопје ќе биде додадено на мапата на градови во кои се одржуваат виски фестивали.

Еден податок за организаторот:
По спроведеното истражување и по примерот на регионалните и интернационалните виски фестивали, со голема поддршка на организаторите на WHISKEY FEST SOFIA и по стекнатото искуство од одржаното предиздание на SKOPJE WHISKEY FEST, во рамките на the GENTLEMEN’S EXPO ’19, конечно се ублажи климата за прв пат кај нас да се одржи премиерното издание 1.0 на SKOPJE WHISKEY FEST.

Статистики од предизданието

The Gentleman's Expo '19 "Whiskey edition"

Посетитители: 1000

Мажи ≥ Жени

Виски изложувачи: 6

Виски брендови > 20

Виски мастер класови: 2

Виски дегустации ≈ 4950

viski centar

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА

ОПШТИ ПОСПЕЦИФИЧНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА
SKOPJE WHISKEY FEST 1.0
NEO_4407

– ПЕТОК, 22 НОЕМВРИ, 18.00 –24.00 ЧАСОТ
– САБОТА, 23 НОЕМВРИ, 17.00 –24.00 ЧАСОТ

КАРТИТЕ МОЖЕ ДА СЕ НАБАВАТ ONLINE НА ОФИЦИЈАЛНАТА СТРАНА НА SKOPJE WHISKEY FEST: www.skopjewhiskeyfest.mk

ЦЕНОВНИK НА КАРТИ ЗА ПОСЕТИТЕЛИ: РЕГУЛАРНА -500 ДЕНАРИ

КАРТА ЗА ПОСЕТИТЕЛИНА SKOPJE WHISKEY FEST, КОЈА ВКЛУЧУВА 5 КРЕДИТИ ЗА ДЕГУСТАЦИJA (ПО 20ML)
GOLDEN-1000 ДЕНАРИ

КАРТА ЗА ПОСЕТИТЕЛИНА SKOPJE WHISKEY FEST, КОЈА ВКЛУЧУВА 6 КРЕДИТИ И 4 “GOLDEN” КРЕДИТИ ЗА ДЕГУСТАЦИЈА НА ВИСКИ.
BO ВРЕДНОСТА НА КАРТИТЕ Е ВКЛУЧЕНА И БРЕДНДИРАНА ЧАША SKOPJE WHISKEY FEST

МАСТЕР КЛАСОВИТЕ ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ ВО ОБЕЗБЕДЕНАПОСЕБНА УЧИЛНИЦА ДО 25 УЧЕСНИЦИ. ПРЕДАВАЧИ НА МАСТЕР КЛАСОВИТЕ СЕ БУКИРАНИ ДОМАШНИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ПРЕЗЕНТЕРИ ИЛИ БРЕНД АМБАСАДОРИ.
ОБИЧНО НА СЕКОЈ МАСТЕР КЛАС ОСВЕН СЛЕДЕЊЕТО НА ПРЕДАВАЊЕТО СЕ ДЕГУСТИРAАТ РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ НА ВИСКИ ИЛИ СЕ ДЕМОНСТРИРААТ РАЗЛИЧНИ НАЧИНИ НА ДЕГУСТАЦИЈА.

2000 ДЕНАРИ(КАРТИ ВО ОГРАНИЧЕН БРОЈ)
КАРИТЕ ЌЕ ИМААТ ВРЕДНОСТ ВО ДЕГУСТАЦИИ КАКО ГОЛДЕН КАРТИТЕ И СЛЕДНИВЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОВОЛНОСТИ:
-ОВОЈ ЧАС Е ОВОЗМОЖЕН СО ЦЕЛ ПОГОЛЕМА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ ВО ОВОЈ СЕГМЕНТ И ЌЕ ОВОЗМОЖИ ПОЛЕСНА ИНТЕРАКЦИЈА -НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ СО ГЛАВНИТЕ ПРИСУТНИ ДОМАШНИ И СТРАНСКИ СУБЈЕКТИ НА ВИСКИ ФЕЛАТА КОИ ЌЕ БИДАТ ЗАДОЛЖЕНИ ДА ПРИСУСТВУВААТ ВО ОВАА СААТНИЦА;
-НА СТРАСНИТЕ ЉУБИТЕЛИ И ЕНТУЗИЈАСТИ ЌЕ ИМ БИДЕ ОВОЗМОЖЕНО ПОРЕЛАКСИРАНО РАЗГЛЕДУВАЊЕ И ДЕГУСТАЦИЈА НА ВИСКИ;
-ПОЗАДИ ВИСКИ ПУЛТОВИТЕ ОСВЕН ОФИЦИЈАЛНИТЕ ВИСКИ ПРЕЗЕНТЕРИ ЌЕ СТОЈАТ И ГЛАВНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НА БРЕНДОВИТЕ И/ИЛИ ДОСТАПНИТЕ БРЕНД АМБАСАДОРИ СО КОИ ПОЛЕСНО ЌЕ МОЖЕТЕ ДА СТАПИТЕ ВО КОНТАКТ И ДА ИМ ПОСТАВУВАТЕ ПРАШАЊА.
-ДЕГУСТАЦИЈА НА СПЕЦИФИЧНИ ПРОИЗВОДИ ОД ВИСКИ;
-LIVE STREAMING STORY СО МОДЕРАТОР ДИРЕКТНО ПРЕНЕСУВАНО НА ОФИЦИЈАЛНАТА ИНСТАГРАМ СТРАНА.

КАРТИ

РЕГУЛАРНА КАРТА

500ден
Карта за посетители на Skopje Whiskey Fest, која вклучува 5 кредити за дегустација (по 20мл)
Во вредноста на картата е вклучена и брендирана чаша Skopje Whiskey Fest

GOLDEN КАРТА

1000ден
Карта за посетители на Skopje Whiskey Fest, која вклучува 6 кредити и 4 "Golden" кредити за дегустација на премиум виски
Во вредноста на картата е вклучена и брендирана чашка Skopje Whiskey Fest

1H PRE ENTRANCE TICKETS

2000ден
(КАРТИ ВО ОГРАНИЧЕН БРОЈ)
Овозможен влез 1 час пред официјалниот почеток на настанот
Карта за посетители на Skopje Whiskey Fest, која вклучува 6 кредити и 4 "Golden" кредити за дегустација на премиум виски
Во вредноста на картата е вклучена и брендирана чаша Skopje Whiskey Fesr

MASTER CLASS 1

(18.00h-19.30)
“Singleton - The upstream swimming whisky"
Предавач: Nikolay Neykov, Reserve Ambassador for DIAGEO
Тема: The Singleton - Перфектни комбинации на храна и сингл малт шкотско виски

MASTER CLASS 2

(20.00h-21.30)
“Jack Daniels family of brands”
Предавач: Filip Pletesh - Brand Advocacy Manager West Balkan
Тема: Jack Daniels Jack Daniels низ приказни и тејстинг

ПРОГРАМА

1 HOUR PRE ENTRANCE

(PROFESSIONAL HOUR)

Петок, 18:00

ОФИЦИЈАЛЕН СТАРТ

SKOPJE WHISKEY FEST

2 ДЕНА ВИСКИ ДЕГУСТАЦИИ

30 ВИСКИ БРЕНДОВИ

НАД 57 ВИДОВИ НА ВИСКИ

МАСТЕР КЛАСОВИ

www.skopjewhiskeyfest.mk/tickets

Петок, 18:00-19:30

1. “SINGLETON – THE UPSTREAM SWIMMING WHISKY “

NIKOLAY NEYKOV, Reserve Ambassador for DIAGEO

Петок, 20:00-21:30

2. “JACK DANIELS FAMILY OF BRANDS”

FILIP PLETES, Brand Advocacy Manager West Balkan

SPECIAL ZONES

WHISKEY COMPLEMENTARY BRANDS ZONE

WHISKEY RETAIL SHOP

WHISKEY COCKTAILS POINT

SPIRITS STREET

FOOD & WHISKEY PAIRING AFTER 8

МУЗИЧКА ПРОГРАМА

Петок, 19:30-23:30

WHISKEY MUSIC – CHEDO

Сабота, 21:00-23:00

WHISKEY MOON NIGHT – LINA AVSAR QUINTET

АТРАКЦИИ

WHISKEY PATROL

MOLECULAR WHISKEY PRODUCTS\

ПОСЛЕДНА ЕДНОКРАТНА АУКЦИЈА

НА ОТВОРЕНИTE ФЛАШИ ВИСКИ

Сабота, 23:30

ПОСЛЕДНА ЕДНОКРАТНА АУКЦИЈА

НА ОТВОРЕНИTE ФЛАШИ ВИСКИ

 

 

POST FESTIVAL

ИЗРАБОТКА НА СКУЛПТУРА

ОД ИСПИЕНИТЕ ВИСКИ ФЛАШИ

НА СКОПЈЕ ВИСКИ ФЕСТ 1.0

WHISKEY БРЕНДОВИ

ПРАВИЛА И КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО ПОСЕТИТЕ SKOPJE WHISKEY FEST ‘19

Виски Фестивалите се оддржуваат скоро во сите поголеми метрополи од нашето опкружувањеи глобално. Оваа есен Скопје ќе се вброи во тоа друштво и ќе го има својот прв Whiskey Fest. Посетителите може да дегустираат голем број на виски пијалоци и останати алкохолни пијалоци од палетата на сите поголеми дистрибутери кај нас -некои се добро познати за публиката, а некои се ретки и специфични и со сигурност ќе побудат особен интерес кај познавачите на виски пијалоците и ентузијастите. Наша должност како органiзатор е да се обидеме да ви дадеме неколку насоки, совети и предлози за максимално дауживате при посетата на овој прв Skopje Whiskey Fest.

Со секоја купена влезница добивате една избрендирана стаклена чаша за дегустација. Количината за дегустација е 20мл– доволно да се проба одреден вид на виски. По секоја дегустација замолете ги презентерите да ви ја исплакнат вашата чаша за да избегнете мешање на вкусови. Помеѓу дегустациите обидете се да пиете доволна количина на вода која ќе биде реаспределена на одредени пунктови во салата каде се оддржува фестивалот. Чувајте ја својата чаша за дегустација во текот на фестивалот и слободно понесете ја со вас дома како сувенир од првиот Skopje Whiskey Fest.

Со разновидната понуда и програма која ќе биде најавена ќе сакате да го искористите вашето време најдобро што можете. Подгответе се за многу едукација, конверзација и забава во двата фестивалски дена.

По дефиниција секој виски фестивал претставува луксуз сам по себе. Пожелно е да пристапите со стил кон ова случување. Ве молиме да бидете соодветно облечени, најмалку `smart casual`. Не мора да носите смокинг, но во некоја мера облеката треба да соодветствува со настанот. Да се постапи поинаку би било знак на непочитување на останатите посетители и изложувачите.

Свесни сме дека понекогаш има луѓе кои велат дека ќе конзумираат и повеќе од колку што можат да поднесат само затоа што платиле влезница. Наместо тоа, размислете дека плаќате за можноста да ги дегустирате сите овие производи на едно пријатно место и да се запознаете одблиску со обучени професионалци кои ќе ве воведат во светот на виски пијалоците.

За ова не би требало да ве потсетуваме. Иако дозата за дегустација е 20 мл, сепак тоа е многу алкохол. Пијте доволно количество на вода помеѓу дегустациите или ставете мало количество на вода во вашето виски за да ги ослободите специфичните ароми на самиот пијалок.

Целта на фестивалот не е во тоа колку може да се испие туку колку можете да уживате во нешто ново. Во преден план е дегустацијата, а не пиењето. Пробајте колку можете, потоа одберете кој бренд најмногу ви лежи и уживајте во него.
По правило организаторите мора да се осигураат дека посетителите нема да пијат премногу. Доколку одговорните приметат дека имате испиено премногу ќе бидете замолени да го напуштите настанот. Во таков случај средствата за картата нема да ви бидат рефундрани.
Уште еден добронамерен совет: Немојте да конзумирате алкохол, ни во најмали количини, пред да го посетите настанот.

Виски фестивалите имаат разновидна програма, од штандови каде што има специфична храна до музика во живо. Ако се пие виски постојано неколку часа, не е на арно. Наместо тоа, направете пауза и разгледајте што друго се случува во салата.

Бидејќи бројот на изложувачи и брендови може да биде огромен ве советуваме да ги истражите брендовите пред посетата на настанот.Учесниците и брендовите ќе бидат истакнати на посебниот web site за фестивалот. Информативен флаер или каталог со целата понуда на пијалоци ќе биде дистрибуиран низ градот и пред почетокот на настанот. Може да присуствувате и на некои од организираните мастеркалсови во посебни простории во мали групи до 25 учесници.

Немојте да одите преку ред и да барате да ве послужат од најскапото / најстарото виски “што го имате”. На тој начин не покажувате почит кон изложувачите, брендот и останатите посетители. Цената и староста не се секогаш одлучувачки критериуми за квалитетот на вискито. Затоа бидете трпеливи и чекајте да дојде вашиот ред. Поставете неколку прашања за понудата која ја има изложувачот. Земете ја вашата чаша за дегустација, повлечете се и уживајте.

Поголем дел од изложувачите имаат искусен кадар кој ќе работи позади штандовите. Тие се таму за да ве едуцираат. Прашајте за историјата на пијалокот кој го дегустирате, што е она што го прави тој бренд посебен.
Добронамерен совет: Понекогаш со вашата љубезност и заинтересираност може да заработите ‘’тајна доза’’за дегустација на некое специфично виски од страна на изложувачите.

Освен изложувачите и голем број од посетителите на ваков тип на фестивали имаат завидно познавање од областа. Фестивалот ви нуди можност за запознавање на нови пријатели кои несебично ќе го споделат нивното искуство со вас.
Skopje Whiskey Festе место каде се разменува знаење и каде ќе се склопуваат нови пријателства.

Веќе сигурно знаете кој е вашиот омилен бренд на виски. Но секако дајте им шанса и на не толку познатите брендови кои можеби ќе ве изненадат со својот квалитет и приказна.

ГАЛЕРИЈА

Фотографии од нулта -сателитското предиздание на SKOPJE WHISKEY FEST во рамките на the Gentlemen’s EXPO ‘19 “whiskey edition”

SKOPJE WHISKEY FEST 1.0

Oрганизатор: БОТТЕГА ЕВЕНТИ
www.bottegaeventi.com
Телефон:
070/333-981
075/303-291

Skopje WHISKY FEST- Правила на однесување за време на Скопје Whiskey Fest ‘19

Правилата на однесување се поставени од страна на организаторот на Skopje Whiskey Fest поради безбедноста и уживањето на сите присутни на настанот. Организаторите ќе се придржуваат до правилата на однесување за да се обезбeди  пријатна атмосфера за сите посетители/учесници во текот на Skopje Whiskey Fest. 

Со купување на карта за Skopje Whiskey Fest 2019, вие сте согласни да ги почитувате следните правила на однесување за времетраење на Skopje Whiskey Fest 2019. 

  • Skopje Whiskey Fest категорично ќе го промовира и поттикнувана одговорното конзумирање на алкохол од страна на сите посетители.
  • Законската граница за конзумирање на алкохол е 18 години. Организаторите имаат право да побараат лична идентификација за да се спречи присуство на лица под 18 години на настанот.
  • Настанот е посветен на виски, едукација, забава и уживање- се разбира во умерени количини. Во тој поглед, Skopje Whiskey Fest промовира квалитет наместо квантитет.
  • Ги советуваме посетителите да не дегустираат виски на празен стомак; ги охрабруваме посетителите да јадат пред и во текот на настанот.
  • Ги советуваме поетителите да пијат доволна количина на вода помеѓу дегустациите и да направат редовни паузи помеѓу секоја дегустација. Вода ќе биде достапна во доволна количина во текот на двата фестивалски дена на однапред определени позиции во салата каде ќе се оддржува настанот.
  • Организаторот ќе ангажира дополнително обезбедување за учесниците и изложувачите на фестивалот. Ги советуваме посетителите да се грижат за своите лични работи и да не ги оставаат истите без надзор. 
  • Нема да се служи алкохол на оние посетители кои изгледаат дека веќе имаат конзумирано повеќе алкохол од колку што е за нив подносливо.
  • Во случај на несоодветно однесување, или во случај на агресија, пијанство или непристојност, ќе бидете замолени да го напуштите фестивалот и нема да ви биде дозволен повторен влез.
  • Во случај да бидете замолени да го напуштите фетивалот средствата за влез на настаот нема да ви бидат рефундирани.
  • Доколку сите се придржуваме до горенаведените правила на однесување, организаторите ви гарантираат несекојдневно искуство за паметење !