28-29 ОКТОМВРИ

Skopje Marriott Hotel

28-29 ОКТОМВРИ

Skopje Marriott Hotel

За Фестивалот

Виски фестивалите се оддржуваат насекаде во светот и овие фестивали се карактеристични сами по себе според своето поднебје. Во 2019 и Скопје се зацрта во мапата на виски фестивалите по успешното, “школски” одржано премиерно издание.

По големо очекување од две пандемски години и три години без виски фестивал конечно можеме да го најавиме второто издание на Skopje Whiskey Fest.

Ова е првиот и единствен виски фестивал во Скопје и е наменет да го подигне нивото на виски културата и да го поддржи виски сегментот во нашата земја. Скопје Виски Фест позитивно влијаеше на изборот и зголемувањето на виски понудата која ја пласираат увозниците на македонскиот пазар.

Нашата идеологија како организатори на Skopje Whiskey Fest е да ја промениме перцепцијата за вискито која сеуште преовладува кај нас како “директорски” пијалак кој одлично одговара со пура и да го “спуштиме” нивото на конзумирање виски и на обичната популација љубители.

На Skopje Whiskey Fest секој ќе може да дегустира виски, да разговара за виски, да се едуцира за виски и да навлезе повеќе во светот на вискито уживајќи во пријатниот амбиент на фестивалот. Оваа година на СВФ ќе се презентираат и сосема нови виски од различни светски дестилерии.

Статистики од првото издание

SKOPJE WHISKEY FEST 1.0

БРЗИ СТАТИСТИКИ

РЕГИСТРИРАНИ ПОСЕТИТЕЛИ: 1456

ВИСКИ ДЕГУСТАЦИИ: 7233

МАСТЕР КЛАСОВИ: 2

ВИСКИ БРЕНДОВИ: 30

ВИДОВИ НА ВИСКИ: 58

ИЗЛОЖБЕНИ ПОЗИЦИИ: 28

ИЗЛОЖБЕН ПРОСТОР: 900 m2

ВОЛОНТЕРИ: 10

ИСПИЕНИ КОЛИЧИНИ

ИСПИЕНИ РЕГУЛАР ДЕГУСТАЦИИ: 5843

ИСПИЕНИ ГОЛДЕН ДЕГУСТАЦИИ: 1390

ВКУПНО ИСПИЕНИ ДЕГУСТАЦИИ: 7233

*СПОРЕД ПРИЈАВЕНИ ПОВРАТНИ КРЕДИТИ ЗА ДЕГУСТАЦИЈА

viski centar

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА

SKOPJE WHISKEY FEST 2.0
NEO_4407

Во главната сала и фоајето на вториот кат на Скопје Мериот.

Петок, 28 октомври, 18.00 – 00.00 часот

Сабота, 29 октомври, 17.00 – 00.00 часот

Картите може да се набават online во пред-продажба на официјалната страна www.skopjewhiskeyfest.mk и на лице место на фестивалот. Цените за картите се разликуваат во однос онлајн продажба / продажба на лице место.

Дополнителни кредити за дегустација можат да се набават онлајн – истакнати се 2 пакети со различни кредити за дегустација.

Единечни кредити за дегустација ќе можат да се докупуваат на лице место на настанот на означени пунктови.

Цените за кредитите за дегустација се разликуваат во однос онлајн продажба по пакети / продажба на лице место на единечни кредити.

Мастер класовите ќе се одржуваат во обезбедена посебна училница до 25 учесници. Предавачи на мастер класовите се букирани домашни и интернационални презентери или бренд амбасадори.

Обично на секој мастер клас освен следењето на предавањето се дегустирaат различни видови на виски или се демонстрираат различни начини на дегустација.

Овој час е овозможен со цел поголема концентрација на професионалците во овој сегмент и ќе овозможи полесна интеракција на посетителите со главните присутни домашни и странски субјекти на виски фелата кои ќе бидат задолжени да присуствуваат во оваа саатница.

На страсните љубители и ентузијасти ќе им биде овозможено порелаксирано разгледување и дегустација на виски.

Позади виски пултовите освен официјалните виски презентери ќе стојат и главните претставници на брендовите и/или достапните бренд амбасадори со кои полесно ќе можете да стапите во контакт и да им поставувате прашања.

Live streaming story со модератор директно пренесувано на официјалната инстаграм страна.

Можност за доделување на карта за мастер клас определен од организаторот, во склоп на настанот.

КАРТИ

ЕДНОДНЕВНА КАРТА

500/600ден
Картата вклучува влез на фестивалот за еден ден, алка за влез, брендирана чаша за дегустација, 3 кредити за виски дегустации од по 25мл.
Можност за набавка на дополнителни кредити за дегустација на самиот настан.
Картата купена на влез е поскапа од електронски купената карта.

ДВОДНЕВНА КАРТА

800/950ден
Картата вклучува влез на фестивалот за два дена, алка за влез, брендирана чаша за дегустација, 6 кредити за виски дегустации од по 25 мл.
Картата купена на влез е поскапа од електронски купената карта.

1H PRE ENTRANCE ДВОДНЕВНА КАРТА

1600/1800ден
Картата вклучува влез на фестивалот 1 час порано од официјалниот почеток (повеќе во FAQs), присуство на фестивлот за два дена, алка за влез, брендирана чаша за дегустација, 6 кредити + 2 голден кредити за виски дегустации од по 25мл.
Картата купена на влез е поскапа од електронски купената карта.

ДВОДНЕВНА КАРТА

800/950ден
Картата вклучува влез на фестивалот за два дена, алка за влез, брендирана чаша за дегустација, 6 кредити за виски дегустации од по 25 мл.
Картата купена на влез е поскапа од електронски купената карта.

1H PRE ENTRANCE ДВОДНЕВНА КАРТА

1600/1800ден
Картата вклучува влез на фестивалот 1 час порано од официјалниот почеток (повеќе во FAQs), присуство на фестивлот за два дена, алка за влез, брендирана чаша за дегустација, 6 кредити + 2 голден кредити за виски дегустации од по 25мл.
Картата купена на влез е поскапа од електронски купената карта.

Мастер клас: Made by the sea

Предавач: Nikolay Neykov,
Diageo Reserve Brand Ambassador
TALISKER – MADE BY THE SEA

Датум: 29.10; 19:00-20:00
Локација: Skopje Marriott, Lounge 1
Цена: 2.499мкд

Мастер клас: Extraordinary Irish Spirit

Предавач: Thomas O’Brien,
Teeling Whiskey Brand Ambassador and Area Director
Extraordinary Irish Spirit

Бренд: Teeling Irish Whiskey
Датум: 28.10; 20:30 - 21:30
Локација: Skopje Marriott, Room D
Цена: 2.000мкд

Мастер клас: Glenmoragie

Предавач: Ted LELEKAS,
Brand Ambassador Central & Southern Europe
Moët Hennessy CEE
Glenmoragie

Датум: 28.10; 19:00-20:00
Локација: Skopje Marriott, Room D
Цена: 2.200мкд

Мастер клас: BE ORIGINAL BY TRADITION

Предавач: Марко Бенкович,
MASTER OF SCOTCH WHISKY
BE ORIGINAL BY TRADITION

Датум: 28.10; 18:30 - 19:30
Локација: Skopje Marriott, Room AB
Цена: 2.000мкд

ДОПОЛНУВАЊЕ НА КРЕДИТИ ЗА ДЕГУСТАЦИЈА
(достапни онлајн, пред настан)

ДОПОЛНУВАЊЕ НА КРЕДИТИ

8 обични кредити - 650ден
Овој пакет може да се купи единствено по претходно купена еднодневна или дводневна карта и е достапен само електронски.

ДОПОЛНУВАЊЕ НА КРЕДИТИ

6 голден кредити - 1200ден
Овој пакет може да се купи единствено по претходно купена еднодневна или дводневна карта и е достапен само електронски. Со голден купоните може да се пробаат одредени поскапи виски пијалаци.

ЕДИНЕЧНИ КРЕДИТИ ЗА ДЕГУСТАЦИЈА МОЖЕ ДА СЕ КУПАТ НА ПРОДАЖНИ ПУНКОВИ НА ФЕСТИВАЛОТ

1 КРЕДИТ – 100 денари
1 ГОЛДЕН КРЕДИТ – 220 денари

ПРОГРАМА

SKOPJE WHISKEY FEST 2022
ПРОГРАМА

ПЕТОК, 28 ОКТОМВРИ
18:00-00:00

САБОТА, 29 ОКТОМВРИ
17:00-00:00

ОФИЦИЈАЛЕН СТАРТ
SKOPJE WHISKEY FEST
Петок, 18:00

2 ДЕНА ВИСКИ ДЕГУСТАЦИИ
32 ВИСКИ БРЕНДОВИ
НАД 70 ВИДОВИ НА ВИСКИ

МУЗИЧКА ПРОГРАМА

ПЕТОК
17:00-18:00 PRE-ENTRANCE HOUR –
TEOHAROV LIVE EXPERIENCE WITH AGNI AVSHAR TRIO
18:00-19:30 WHISKEY MUSIC SET BY TEOHAROV
19:45-21:45 DJ DELA
22:00:00:00 DJ CHVARE

САБОТА
17:00-19:30 WHISKEY MUSIC SET BY TEOHAROV
19:30-21:30 DJ FLOODER
21:45- 23:45 RING ROAD BAND

СПЕЦИЈАЛНИ ЗОНИ

WHISKEY COMPLEMENTARY BRANDS ZONE
WHISKEY RETAIL SHOP
WHISKEY COCKTAILS POINT
TEOHAROV SOUND & WHISKEY EXPERIENCE

АТРАКЦИИ

WHISKEY PATROL
Сабота, 23:45 АУКЦИЈА НА ОТВОРЕНИTE ФЛАШИ ВИСКИ

МАСТЕР КЛАСОВИ

1. “BE ORIGINAL BY TRADITION”
MARKO BENKOVIC
Master of scotch whisky
Петок, 18:30-19:30, Meeting room AB

2. “GLENMORANGIE”
TED LELEKAS
Brand Ambassador Central & Southern Europe
Moët Hennessy CEE
Петок, 19:00-20:00, Meeting room D

3. “EXTRAORDINARY IRISH SPIRIT”
THOMAS O’BRIEN
Teeling Whiskey Brand Ambassador and Area Director
Петок, 20:30-21:30, Meeting room D

4. “MADE BY THE SEA“
NIKOLAY NEYKOV
Reserve Ambassador for DIAGEO
Сабота, 19:00-20:00, Lounge 1

WHISKEY БРЕНДОВИ

Screenshot (2060)
Screenshot (2051)
Screenshot (2056)
Screenshot (2061)
Screenshot (2052)
Screenshot (2057)
Screenshot (2062)
Dewar's logo 2(2)
Screenshot (2059)
Screenshot (2049)
CS_SI_2.1HRedited
Screenshot (2054)
Screenshot (2058)
Screenshot (2050)

ПРАВИЛА И КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО ПОСЕТИТЕ SKOPJE WHISKEY FEST ‘22

Виски Фестивалите се оддржуваат скоро во сите поголеми метрополи од нашето опкружувањеи глобално. Оваа есен во Скопје ќе се одржи второто издание на Skopje Whiskey Fest. Посетителите може да дегустираат голем број на виски пијалоци и останати алкохолни пијалоци од палетата на сите поголеми дистрибутери кај нас -некои се добро познати за публиката, а некои се ретки и специфични и со сигурност ќе побудат особен интерес кај познавачите на виски пијалоците и ентузијастите. Наша должност како органiзатор е да се обидеме да ви дадеме неколку насоки, совети и предлози за максимално дауживате при посетата на овој прв Skopje Whiskey Fest.

Со секоја купена влезница добивате една избрендирана стаклена чаша за дегустација. Количината за дегустација е 20мл– доволно да се проба одреден вид на виски. По секоја дегустација замолете ги презентерите да ви ја исплакнат вашата чаша за да избегнете мешање на вкусови. Помеѓу дегустациите обидете се да пиете доволна количина на вода која ќе биде реаспределена на одредени пунктови во салата каде се оддржува фестивалот. Чувајте ја својата чаша за дегустација во текот на фестивалот и слободно понесете ја со вас дома како сувенир од првиот Skopje Whiskey Fest.

Со разновидната понуда и програма која ќе биде најавена ќе сакате да го искористите вашето време најдобро што можете. Подгответе се за многу едукација, конверзација и забава во двата фестивалски дена.

По дефиниција секој виски фестивал претставува луксуз сам по себе. Пожелно е да пристапите со стил кон ова случување. Ве молиме да бидете соодветно облечени, најмалку `smart casual`. Не мора да носите смокинг, но во некоја мера облеката треба да соодветствува со настанот. Да се постапи поинаку би било знак на непочитување на останатите посетители и изложувачите.

Свесни сме дека понекогаш има луѓе кои велат дека ќе конзумираат и повеќе од колку што можат да поднесат само затоа што платиле влезница. Наместо тоа, размислете дека плаќате за можноста да ги дегустирате сите овие производи на едно пријатно место и да се запознаете одблиску со обучени професионалци кои ќе ве воведат во светот на виски пијалоците.

За ова не би требало да ве потсетуваме. Иако дозата за дегустација е 20 мл, сепак тоа е многу алкохол. Пијте доволно количество на вода помеѓу дегустациите или ставете мало количество на вода во вашето виски за да ги ослободите специфичните ароми на самиот пијалок.

Целта на фестивалот не е во тоа колку може да се испие туку колку можете да уживате во нешто ново. Во преден план е дегустацијата, а не пиењето. Пробајте колку можете, потоа одберете кој бренд најмногу ви лежи и уживајте во него.
По правило организаторите мора да се осигураат дека посетителите нема да пијат премногу. Доколку одговорните приметат дека имате испиено премногу ќе бидете замолени да го напуштите настанот. Во таков случај средствата за картата нема да ви бидат рефундрани.
Уште еден добронамерен совет: Немојте да конзумирате алкохол, ни во најмали количини, пред да го посетите настанот.

Виски фестивалите имаат разновидна програма, од штандови каде што има специфична храна до музика во живо. Ако се пие виски постојано неколку часа, не е на арно. Наместо тоа, направете пауза и разгледајте што друго се случува во салата.

Бидејќи бројот на изложувачи и брендови може да биде огромен ве советуваме да ги истражите брендовите пред посетата на настанот.Учесниците и брендовите ќе бидат истакнати на посебниот web site за фестивалот. Информативен флаер или каталог со целата понуда на пијалоци ќе биде дистрибуиран низ градот и пред почетокот на настанот. Може да присуствувате и на некои од организираните мастеркалсови во посебни простории во мали групи до 25 учесници.

Немојте да одите преку ред и да барате да ве послужат од најскапото / најстарото виски “што го имате”. На тој начин не покажувате почит кон изложувачите, брендот и останатите посетители. Цената и староста не се секогаш одлучувачки критериуми за квалитетот на вискито. Затоа бидете трпеливи и чекајте да дојде вашиот ред. Поставете неколку прашања за понудата која ја има изложувачот. Земете ја вашата чаша за дегустација, повлечете се и уживајте.

Поголем дел од изложувачите имаат искусен кадар кој ќе работи позади штандовите. Тие се таму за да ве едуцираат. Прашајте за историјата на пијалокот кој го дегустирате, што е она што го прави тој бренд посебен.
Добронамерен совет: Понекогаш со вашата љубезност и заинтересираност може да заработите ‘’тајна доза’’за дегустација на некое специфично виски од страна на изложувачите.

Освен изложувачите и голем број од посетителите на ваков тип на фестивали имаат завидно познавање од областа. Фестивалот ви нуди можност за запознавање на нови пријатели кои несебично ќе го споделат нивното искуство со вас.
Skopje Whiskey Festе место каде се разменува знаење и каде ќе се склопуваат нови пријателства.

Веќе сигурно знаете кој е вашиот омилен бренд на виски. Но секако дајте им шанса и на не толку познатите брендови кои можеби ќе ве изненадат со својот квалитет и приказна.

ГАЛЕРИЈА

Фотографии од првото издание на SKOPJE WHISKEY FEST

SKOPJE WHISKEY FEST 1.0

Oрганизатор: БОТТЕГА ЕВЕНТИ
www.bottegaeventi.com
Телефон:
070/333-981
075/303-291

Skopje WHISKY FEST- Правила на однесување за време на Скопје Whiskey Fest ‘22

Правилата на однесување се поставени од страна на организаторот на Skopje Whiskey Fest поради безбедноста и уживањето на сите присутни на настанот. Организаторите ќе се придржуваат до правилата на однесување за да се обезбeди пријатна атмосфера за сите посетители/учесници во текот на Skopje Whiskey Fest.

Со купување на карта за Skopje Whiskey Fest 2022, вие сте согласни да ги почитувате следните правила на однесување за времетраење на Skopje Whiskey Fest 2022.

  • Skopje Whiskey Fest категорично ќе го промовира и поттикнувана одговорното конзумирање на алкохол од страна на сите посетители.
  • Законската граница за конзумирање на алкохол е 18 години. Организаторите имаат право да побараат лична идентификација за да се спречи присуство на лица под 18 години на настанот.
  • Настанот е посветен на виски, едукација, забава и уживање- се разбира во умерени количини. Во тој поглед, Skopje Whiskey Fest промовира квалитет наместо квантитет.
  • Ги советуваме посетителите да не дегустираат виски на празен стомак; ги охрабруваме посетителите да јадат пред и во текот на настанот.
  • Ги советуваме поетителите да пијат доволна количина на вода помеѓу дегустациите и да направат редовни паузи помеѓу секоја дегустација. Вода ќе биде достапна во доволна количина во текот на двата фестивалски дена на однапред определени позиции во салата каде ќе се оддржува настанот.
  • Организаторот ќе ангажира дополнително обезбедување за учесниците и изложувачите на фестивалот. Ги советуваме посетителите да се грижат за своите лични работи и да не ги оставаат истите без надзор. 
  • Нема да се служи алкохол на оние посетители кои изгледаат дека веќе имаат конзумирано повеќе алкохол од колку што е за нив подносливо.
  • Во случај на несоодветно однесување, или во случај на агресија, пијанство или непристојност, ќе бидете замолени да го напуштите фестивалот и нема да ви биде дозволен повторен влез.
  • Во случај да бидете замолени да го напуштите фетивалот средствата за влез на настаот нема да ви бидат рефундирани.
  • Доколку сите се придржуваме до горенаведените правила на однесување, организаторите ви гарантираат несекојдневно искуство за паметење!